Ракометарите на Вардар ја остварија втората победа во плејоф конкуренцијата во Супер лигата.

Вардарци лесно и рутински ја победија Струга со девет голови разлика во воведниот натпревар од 4-тото коло.

Уште од самиот почеток на натпреварот, црвено-црните ја контролираа играта и резултатот, па веќе на полувремето имаа двојна предност 16-8. Второто полувреме само рутински го одработија и на крајот славеа со конечни 29-20.

Најефикасен во победничката екипа беше Тунижанецот, Мохамед Тарик Бахар со девет гола, додека еден повеќе на спротивната страна постигна Мерис Бошњак.

Со оваа победа вардарци се вратија на третото место во исчекување на останатите дуели од оваа рунда.

Утре ќе се играат два натпревари, во Битола и Скопје, а дербито во Охрид каде гостува лидерот Алкалоид на програмата е во недела.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 4.КОЛО
петок

ВАРДАР – СТРУГА 29-20
сабота
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ
18.00 БУТЕЛ – ТИКВЕШ
недела
18.30 ОХРИД – АЛКАЛОИД

ТАБЕЛА: Алкалоид 12 бодови, Еурофарм Пелистер 11, Вардар 9, Охрид 8, Тиквеш 7, Пролет 3, Бутел 1 и Струга 0.