Екипата на Рома забележа важна победа над Торино со која е во трка за четвртото место на табелата и пласман во Лигата на шампиони.
Вечерва на „Олимпико“ Рома славеше со 3:2 благодарение на Паоло Дибала.
Аргентинецот оствати хет-три постигнувајчи ги сите три гола за Рома (42, 58 и 69.минута).
Головите за гостите ги постигнаа Дуван Запата во 44-тата и Ричи во 89-та минута.
Рома е шеста на табелата со 44 бодови, само два помалку од Аталанта, односно чети од Болоња.