Со натпреварот одигран вечерва во Велес комплетирано е 16.коло во Втората машка кошаркарска лига.

Екипата на Борец баскет во неизвесен натпревар до самиот крај славеше победа над вториот тим на МЗТ Скопје У.Б со 66-62.

Малиот број на поени, како и бројните грепки, го одбележа целиот натпревар. Во првата четвртина гостите од Скопје беа подобри и ја завршија со водство (18-21). Во втората велешани ја презедоа и контролата на резултатот (20-16), па на одмор заминаа со поен предност (38-37). И во второто полувреме иста слика. Крајот на третиот период донесе пет поени позитива за домаќинот (56-50). Борец го контролираше резултатот иако во заврпницата гостите можќеа да стигнат и до израмнување. Сепак, на кркарот домашниот состав заслужено се разуваше на победата.

Со овој триумф и вкупно осум, Борец е на шестата позиција на табелата, со два триумфи помалку од Ангели и МЗТ Скопје У.Б.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 16.КОЛО
денеска

БОРЕЦ БАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 66-62
одиграно вчера
МКК КУМАНОВО – ВОДНО САНС 96-49
МАЏАРИ – СОКОЛИ 84-62
РАБОТНИЧКИ 2018 – АНГЕЛИ 68-90
ТЕТЕКС – МЕГА БАСКЕТ 70-83
ШКУПИ – КУМАНОВО 2009 20-0 службено

ТАБЕЛА: МКК Куманово 32, Маџари 31, Шкупи 29, Ангели 26, МЗТ Скопје У.Б. 26, Борец баскет 24, Соколи 23, Мега Баскет 22, Водно Санс 21, Работнички 2018 21, Тетекс 18.