Црвените Ѓаволи се мачат со формата во Премиер лигата, а на последните четири натпревари имаат само една победа. Избраниците на Ерик Тен Хаг на домашен терен против Лидс освоија само бод, 2-2. Кога ќе се земат сите околоности на крај може да бидат и задоволни од резултатот.
Имено се почна лошо за Манчестер, откако Вилфлид Гронто уште во првата минута од натпреварот донесе предност за гостите. Агонијата ја продолжи Варан кој во 48-та минута си постигна автогол за голема негатива од 0-2.
Работите почнаа да се враќаат во нормала во 62-та минута кога најдобриот игра на ,,Ѓаволите” оваа сезона, Маркус Рашфорд погоди за 1-2. Целосно враќање во мечот донесе Санчо во 70-тата минута кога со својот втор гол оваа сезона изедначи на 2-2.
Сепак и покрај нападите до крајот на натперварот избраниците на Тен Хаг немаа сили за целосен пресврт и останаа само со еден од планираните три бода.