Фудбалерите на Игор Тудор одиграа одличен натпревар против силниот Париз Сен Жермен во рамките на 1/8 од купот на Франција и со победа од 2-1 се пласираа во следната фаза.

Резултатот го отвори искусниот чилеански напаѓач во редовите на Марсеј, Алексис Санчез кој во 32-та минута мирно го реализираше пеналот кој судијата Франсоа Летексие го донеси по несмасниот старт на Серхио Рамос.

Искусниот шпански дефанзивец се искупи за направениот пенал па во судиското надопоплнување од првото полувреме го искористи одличното нафрлување на Нејмар и погоди за 1-1.

Шансите и иницјативата се менуваше на двете страни, а при една таква офанзива и нафрлување топката се одби на шенаесетникот до украинскиот играч во редовите на Марсеј, Малиновски, кој со топовски удар го матираше Донарума.

ПСЖ на сите начини се обидуваше да дојде до втор погодок и изедначување кое ќе значење продолженија, но избраниците на Тудор одлично се бранеа и на крајот заслужено се радуваа на пласманот понатаму.