Додека прволигашите одмораат, а поради настапот на репрезентацијата во евро-квалификациите, екипите во Втората кошаркарска лига викендов играат редовно коло.
На програмата се дуелите од 16-тата рунда во која дири пет натпревари ќе се одиграат денеска.
колото ќе го отворат вториот тим на Работнички и Ангели со натпреварот во салата „Градски Парк“. Веднаш потоа фаворитот Шкупи го пречекува тимот на Куманово 2009 кој сезонава нема победа.
Во попладневниот термин ќе се одиграат три натпревари. Интересен ќе биде дуелот во Тетово каде гостуваат Мега баскет. Ланската сезона во третолигашката конкуренција беше „жешко“ на теренот на „текстилците“.
Двете водечки екипи на табелата МКК Куманово и Маџари важат за фаворити во дуелите со Водно Санс и Соколи.
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот во Велес, каде гостува вториот состав на МЗТ Скопје.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 16.КОЛО
Сабота
13.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – АНГЕЛИ
15.00 ШКУПИ – КУМАНОВО 2009
18.00 ТЕТЕКС – МЕГА БАСКЕТ
19.00 МАЏАРИ – СОКОЛИ
19.00 МКК КУМАНОВО – ВОДНО САНС
Недела
17.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
ТАБЕЛА: МКК Куманово 30, Маџари 28, Шкупи 27, МЗТ Скопје У.Б. 25, Ангели 24, Соколи 22, Борец баскет 22, Мега Баскет 20, Водно Санс 20, Работнички 2018 20, Тетекс 17, Куманово 2009 14.