Со дерби дуелот во Струга, попладнево ќе биде отворено 20-тото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во него, актуелниот македонски првак Струга Трим Лум е домаќин на водечката екипа на табелата Шкупи.

Гостите од Скопје, во претходната рунда го искористија ремито без голови на стружани на гостински терен со Работнички. Сега чаирчани имаат бод повеќе во однос на шампионот.

Двете екипи добро се познаваат, па за очекување е тврд и неизвесен натпревар. Ако се земат во предвид сите досегашни дуели, домашниот терен секако е предност. На последните четири дуели, редовно победник излегуваше домашниот состав. Стружани пред своите симпатизери сезонава немаат загубено ниту еден бод. Чаирчани пак играат променливо на гостински терен.

Како ќе биде овојпат, останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 14 часот. Во истиот термин утре ќе се играат останатите пет дуели од оваа рунда.

ПРВА ЛИГА – 20.КОЛО
сабота (14 часот)

СТРУГА Т.Л. – ШКУПИ
недела (14 часот)
АП БРЕРА СТРУМИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

Standings provided by Sofascore