Работнички не успеа да се избори за финале во Купот на Македонија откако беше поразен од големиот ривал МЗТ.
По полуфиналниот натпревар одигран во Битола, свој коментар имаше тренерот на Работнички, Горан Самарџиев/
„Прво да им ја честитам победата на кошаркарите на МЗТ. Во цел натпревар беа подобри од нас.
Ни се укажа шанса да го свртиме натпреварот, но одиграа добра одбрана на нашиот плејмејкер Трајс.
Се виде дека играчите како Дамјан и Војдан Стојановски имаат одиграно многу вакви натпревари и тоа беше пресудно.
Што се однесува до моите играчи немам никаква забелешки за нив, тие се бореа максимално“, изјави Самарџиев.