МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани титулата во купот откако го совлада „лутиот“ ривал Работнички.

Аеродромци ќе имаат нова можност за освојување на трофејот во што е убеден еден од поискусните кошаркари на сино-белите, Бојан Крстевски.

„Тежок натпревар, како и секогаш. Куп дуелите се секогаш тешки, особено со градскиот ривал.

Штета што не беа присутни двете навивачки групи, атмосферата ќе беше уште подобра и по пријатно ќе беше за играње.

Многу важна победа за нас, одиме кратко да се одмориме, нема многу време и утре да го кренеме пехарот“,

изјави Крстевски.

Кој ќе биде противник на МЗТ во утрешното финале ќе дознаеме вечерва по натпреварот Пелистер – Еуро Никел (19.30 часот)