Половина од македонските борачи кои не претставуваат на Европскиот шампионат во Букурешт, денеска имаа свои настапи.
Ниту еден од четворицата не успеа да забележи победа.
Во категоријата до 65 килограми, Бесир Алили со 0-6 беше поразен од Андре Кларке, Германија во првото коло.
Уште поубедлив пораз претрпе Дејан Митров кој со технички туш (1-12) загуби од Украинецот Олексиј Доманитски во квалификациската рунда до 79 килограми.
Во неа својот настап го заври еден од нашите адути за највисок пласман. Могамедгаџи Нуров загуби со 3-4 од Ерик Свен Тиле од Германија во категоријата до 97 килограми.
Најнеизвесна борба имаше Фати Вејсели во категоријата до 70 килограми. Сепак и тој беше поразен во осминафиналната рунда од Рамазан Рамазанов од Бугарија со 5-6на поени.
Подобар пласман очекуваме од останатите четворица наши борачи.
Владимир Егоров кој ќе се бори против Нурадин Новрузов од Азербеџанецот во 1.коло квалификации во 61 грг.
Расул Шапиев ќе стартува 1/8 финале во 74 кгр, а за противник ќе го има подобриот од борбата меѓу Украинецот, Вадим Курилен и Шпанецот, Мохамед Мотагинија.
Противник ќе очекува и Ахмад Могамедов ( 86 кгр) и тоа во 1/8 финале во кое ќе се бори против победникот од дуелот Унгарецот, Цаба Вида и Васил Михаилов од Украина.
Во втората, осминафинална рунда ќе стартува и Реџеп Хајдари во категоријата до 92 кгр. со борбата против Балаш Атила Јухаш од Унгарија.
Eдинствената дама меѓу нашите претставници, Вероника Рјабоволова не ја искористи втората шанса. Имено откако вчера беше поразена од Белорусинката, Ванеса Калаџинскаја (1:8), денеска Рјабоволова настапи во репасажот. Во него таа загуби од Наталиа Малишева со што пропушти шанса да се бори за медал.