Во машката ракометна Супер лига, односно нејзината плеј-оф конкуренција, на програмата е второто коло.

Со денешниот натпревар што ќе се игра попладнево во во СЦ „Јане Сандански“ ќе стартува оваа рунда.

Во него ракометарите на Вардар ќе ја имаат улогата на апсолутен фаворити во дуелот со Пролет. Овој натпревар ќе почне од 18.15 часот.

За утре се закажани два натпревари во кои Бутел го пречекува шампонот Еурофарм Пелистер, а „езерското“ дерби ќе се игра во Охрид.

Дербито е закажано за во недела во Автокоманда каде не поразениот Алкалоид ќе го пречека Тиквеш.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) – 2.КОЛО
ПЕТОК

18:15 РК ВАРДАР – ПРОЛЕТ
САБОТА
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
18:30 ОХРИД – СТРУГА
НЕДЕЛА
19:15 АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ (МРТ)

ТАБЕЛА: Алкалоид 6 бодови, Еурофарм Пелистер 5, Охрид 5, Тиквеш 4, Вардар 3, Бутел 1, Пролет 0 и Струга 0.