Екипите на Еуро Никел и скопски Чаир ќе го играат вториот четвртфинален натпревар во кошаркарскиот Куп на Македонија. 

Кавадарчани важат за благ фаворит, пред се поради традицијата која ја имаат во ова натпреварување. 

Чаир е дебитант, а Еуро Никел традиционален учесник и двоен освојувач. Но, тимот од Кавадарци долго се нема израдувано на трофејот, цели 14 години (2008 и 2010).

„Имавме некои промени во играчкиот кадар, како и Чаир.

Одиме чекор по чекор, верувам дека можеме да се подготвиме и да ја минеме четвртфиналната пречка“, вели младиот Тодор Златев.

Сезонава во прволигашката конкуренција, Чаир единствениот пораз на домашен терен го претрпе од кавадарчани. Тоа секако ќе биде мотив повеќе за денешниот натпревар.

„Го почитуваме Еуро Никел. Тоа е состав со исклучително квалитетни играчи, но ние веруваме во своите можности и во Битола не одиме со бело знаменце.

Ќе бидеме тука да се претставиме во најдобро издание и да ја бараме својата шанса за пласман во полуфиналето“, истакна Недим Мустафица.

Натпреварот Еуро Никел – Чаир ќе почне од 14.30 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

🔴▶ ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО