И додека сите погледи во мак-баскетот се насочени кон финалниот натпревар во Купот на Макеоднија, второлигашите ги продолќуваат своите натпревари.

Имено, во Втората лига денеска ќе се одиграат дури пет од шесте предвидени натпревари од 15-тото коло.

Програмата во СЦ „Јане Сандански“ ќе ја отворат МЗТ Скопје У.Б. и Тетекс. веднаш по нив следува и дуелот меѓу Ангели и не поразениот МКК Куманово. Овие два натпревари се важни за домашните екипи кои ќе водат битка за 4.место во регуларниот дел од сезоната.

Во попладневниот термин, кај штипските Соколи гостува вториот тим на Работнички. Второ пласираната екипа на Маџари пак не би требало да има проблеми во дуелот кај Куманово 2009 кој досега нема победа.

Последниот денешен натпревар ќе се игра во Прилеп каде Мега баскет го пречекува трето рангираниот Шкупи.

Колото ќе биде заокружено утревечер со средбата меѓу Водно Санс и велешки Борец баскет.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
Сабота
14.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ТЕТЕКС
15.30 АНГЕЛИ – МКК КУМАНОВО
17.00 СОКОЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018
19.00 КУМАНОВО 2009 – МАЏАРИ
19.30 МЕГА БАСКЕТ – ШКУПИ
Недела
20.00 ВОДНО САНС – БОРЕЦ БАСКЕТ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 28, Маџари 26, Шкупи 25, Ангели 23, МЗТ Скопје У.Б. 23, Борец баскет 20, Мега Баскет 19, Водно Санс 19, Работнички 2018 19, Соколи 18 (-1), Тетекс 16, Куманово 2009 12 (-1).