Европскиот шампион Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство во ватерполо.

Шпанците во утешниот натпревар за 3.место на Мундијалот во Доха ја совладаа селекцијата на Франција со 14-10.

„Црвената фурија“ триумфот го најави уште во првиот период кога создаде три голови предност 4-1. На полувремето веќе беше јасно дека Триколорите кои беа најпријатно изненадување на шампионатот, нема што да бараат во овој меч. Шпанците веќе имаа предност од 9-4.

Така вториот дел беше само чиста формалност, а Шпанија на крајот славеше со конечни 14-10.

За златото, ќе се борат европскиот вицепрвак Хрватска и селекцијата на Италија. Финалниот натпревар ќе се игра во терминот од 15.30 часот.