Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски се закити со сребрен медал на Балканијадата во Истанбул во сала.
Успехот е дотолку поголем, што Трајковски постави и нов македонски рекорд.
Тој во последната серија прескокна 7.79 метар, но недоволно за златото, Трајковски со скок од 7.75 беше на првата позиција, но во последната серија Лука Ќирковиќ од Хрватска имаше скок со должина од 7.81 метри со што го освои златниот медал.
Сепак тоа е за 13.сантиметри подолг скок од оној пред неполн месец кога го собори рекордот во Архус.
Следен настап Андреас ќе има на 13-ти февруари во Белград на меѓународен атлетски митинг во сала. Трајковски за еден месец ќе настапи и на Светското првенство во сала во Глазгов.
Од македонските атлетичари на Балканијадата ќе настапат уште Брајан Авија во скок во височина и Дрита Ислами во трката на 400 метри.