Четиринаесеттото коло во Втората кошаркарска лига ќе се игра во три дена почнувајќи од денеска до вторник.

Сите три денешни натпревари ќе почнат во ист термин, 18 часот.

Најинтересно се очекува да биде во Чаир, каде на мегдан на Шкупи оди вториот состав на МЗТ Скопје. Ова е дуел на трето и четврто пласираните екипи на табелата. Исходот е важен за двата тима, како за конечниот поредок во лигашкиот дел, така и за разигрувањето.

Второ рангираниот Маџари, принудно, својот меч како домаќин против Мега баскет ќе го игра во СЦ „Кале“.

Утре во Велес, составот на Борец баскет го пречекува тимот на Ангели, а колото ќе биде заокружено со два натпревари во вторник.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
саботата
18.00 МАЏАРИ – МЕГА БАСКЕТ
18.00 ТЕТЕКС ТТК – ВОДНО САНС
18.00 ШКУПИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
недела
14.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – АНГЕЛИ
вторник
19.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – МКК КУМАНОВО
19.00 СОКОЛИ – КУМАНОВО 2009

ТАБЕЛА: МКК Куманово 26, Маџари 24, Шкупи 23, МЗТ Скопје У.Б. 22, Ангели 21, Борец баскет 19, Мега Баскет 18, Соколи 18, Водно Санс 17, Работнички 2018 16, Тетекс 15, Куманово 2009 12.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)