Репрезентацијата на Нигерија е првата што обезбеди пласман во финалето на фудбалскиот шампионат на Африка.
Во првото полуфинале на Африканскиот куп на нации, Нигерија ја совлада Јужна Африка со 4-2 по подоброто изведување на пенали (1-1).
Нигеријците поведоа го голот на Вилијам Труст-Еконг од пенал во 69-тата минута.
Фудбалерот а италијанскиот шампион Наполи, Виктор Осимен постигна гол во 85.минута, во по прегледување на снимката, беше поништен поради офсајд.
Тоа го искористија Јужноафриканците кои во последната минута (90) преку Мокоена од пенал израмнија на 1-1 и се изборија за продолженија. Во нив мрежите мируваа, па се пристапи кон изведување на пенали.
Во пенал „рулетот“ повеќе среќа, но и нерви имаа Нигеријците кои реализираа четири наспроти двата на Јужноафриканците.
Нигеријците сега ќе го чекаат исходот од второто полуфинале што ќе се игра вечерва од 21 часот.
Во него за место во финалето ќе се борат домаќинот Брегот на Слоновата коска и селекцијата на ДР Конго.