Поделбата во македонскиот не е непознаница за јавноста.
Тоа се потврди и вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ каде имаше неуспешен обид за одржување на Вонредно изборно собрание за претседател на МОК.
По повеќе од часиполовина чекање, на присутните им се обрати еден од кандидатите за Претседател, Александар Маленко, кој денеска, во последен момент, ја повлече својата кандидатура.
„Целта на иницијативниот одбој, за жал, вечерва согласно верификационата комисија, 27 присутни делегати од 61…кворум за започнување на Вонредно изборно собрание нема“, изјави меѓу останатото Маленко.
Воедно „фронтменот“ се дрзна да ги нападне новинарите и како што вели „Национални медиуми“, заборавајќи дека медиумите се само оние кои ја регистрираат оваа „олимписка изборна сапуница“.
Се очекува реакција на Здружението на новинари на Македонија, на ваквите јавни обвинувања на Маленко.
„Несудениот претседател“ како да заборави дека негова „десна рака“ во оваа авантура, е еден „новинар“ од електронски медиум.