Вонредното изборно собрание на Претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) закажано од иницијативниот одбор за промени, пропадна.

По повеќе од еденипол час чекање, бројни телефонски јавувања и повици, во СЦ „Борис Трајковски“ дојдоа 27 делегати од вкупно 61 со право на глас.

,,Фронтменот” на иницијативата, Александар Маленко, кој денеска во последен момент ја повлече својата кандидатура, информира дека денешниот собир е не успешен.

Дел од делегатите кои присуствуваа нервозно искоментираа „Фијаско, ова е катастрофа“.

„Вториот дел“ од изборната олимписка македонска „сапуница“ е закажан за во четврток 8 февруари во СЦ „Јане Сандански“ (18 часот).

На истото како единствен кандидат е пријавен, актуелниот претседател Даниел Димевски.