Никола Јокиќ сеуште важи на ТОП фаворит за признанието најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, но добива голем конкурент во Џоел Ембид.
Србинот кој изминатите две години го освои ова признание, игра во фантастична форма и сезонава, па речиси на секој натпревари во најмала рака има двоен ефект, а дури на 18 натпревари сезонава имаше трипл-дабл.
Тој го пропушти синоќешниот меч на Денвер во кој неговиот тим загуби убедливо на гостувањето кај Минесота со 30 разлика 128-98.
Затоа пак Ембид имаше одличен настап ноќеска. Тој оствари дабл-дабл со 31 поен и 14 скокови, но тоа не и помогна на Филаделфија да избегне пораз на гостувањето кај Њу Јорк со 108-97.
Камерунецот, заедно со Лука Дончиќ, со 33,4 во моментов се лидер кога во прашање е бројот на со просечни постигнати поени по натпревар, додека Јокиќ е втор асистент во лигата со просек од 10,1 додавање на натпревар, но и единствен кој има трибл-дабл просек, додавајќи по 24,8 поени и 11,3 скокови по натпревар.
Во ТОП-5 конкуренцијата за МВП, се и Јанис Антетокумпо (Милвоки), Џејсон Тејтјум (Бостон) и Лука Дончиќ (Далас)
Доколку Јокиќ успеа по трет пат во низа да стигне до ова признание, тој ќе стане само вториот кошаркар во историјата на НБА на кој му успеало тоа, по легендарниот Вил Чемберлеин кој три од вкупно четирите признанија најкорисен играч го доби во сезоните 1966, 1967, 1968 (првото 1960 година).