„Луд“ натпревар од 23.коло во англиската Премиер лига одиграа Њукасл и Лутон. Дуелот на „Сент Џејмс Парк“ заврши со неверојатни 4:4.
Голеадата започна уште во првиот дел. Со головите на Шон Лонгстаф во 7-та и 23-тата минута, Њукасл два пати дојде до предност – 1:0 и 2:1.
Во меѓувреме Габриел Ошо го постигна голот за 1:1, додека втор пат на натпреварот изедначувањето на Лутон му го донесе Рос Баркли во 41-та минута за 2:2.
Досудениот пенал во 59-тата минута успешно го реализираше Карлтон Морис за пресврт и водствo на гостинот од 3:2. A, по само 3 минути игра, најдобриот стрелец на Лутон, Елијах Адебајо постигна нов погодок за предност од 4:2.
Њукасл имаше одговор и со головите на Керан Трипие во 67-та и Харви Барнс во 73-тата минута дојде до изедначување и резултат од 4:4.
Крајниот резултат сепак остана „само“ 4:4.