Во Брегот на слоновата Коска се игра африканското фудбалско првенство, на кое ќе има нов шампион.
Имено репрезентацијата на Сенегал е елиминирана во осминафиналето и тоа од домаќинот на првенството.
Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се пласираа во четвртфиналето по подоброто изведување на пенали.
Иако шампионот Сенегал од 4-тата минута со голот на Данило поведе со 1-0, сепак не ја сочува предноста. Во самиот финиш односно 88-минута Кеси од пенал израмни на 1-1.
Резултатот остана ист и по дополнителните 30-минути, па пеналите решаваа. Во „пенал“ рулетот повеќе нерви и среќа имаа домаќините кои ги реализираа сите пет удари и славеа со вкупни 6-5.
Брегот на Слоновата Коска во четвртфиналето ќе го чека победникот од дуелот Мали – Буркина Фасо.
Последниот патник меѓу осумте најдобри ќе го даде подобриот од мечот Мароко и Јужна Африка. Победникот од овој натпревар во четвртфиналето ќе се сретне со Кејп Верде.
Првите два пара за четвртфиналето ги формираа, Нигерија – Ангола и Конго – Гвинеја.