Дербито на вечерта во НБА лигата се подигра во Денвер каде шампонот го пречека Милвоки.

На задоволство на домашната публика „Нагетс“ славеа со 113-107.

Џамајл Мареј со 35 поени за победникот беше најефикасен на теренот, но мечот го одбележа Никола Јокиќ. Србинот со 25 поени, 16 скока и 12 асистенции стигна до својот 119-ти трипл-дабл во кариерата.

Во поразената екипа Јенис Антетокумпо имаше дабл-дабл со 29 поени и 12 скока а Демијан Лилард постигна 18 поени.

Лука Дончиќ одигра уште еден фантастичен натпревар. На Словенецот му фалеше еден скок да стигне до троен учинок. Лука во победата на Далас над Орландо со 131-129 заврши со 45 поени, 15 асистенции и 9 скока.

Инаку натпреварот беше решаван во завршните секунди, а „Меџикс“ имаа и шут за победа. Сепак тешкиот обид на Германецот, Вагнер за тројка заврши неуспешно.