Екипите на Ал Ахли и Ал Хилал ќе ги предизвикаат фаворитите Реал Мадрид и Фламенго во полуфиналните дуели на Светското клупско првенство што се одржува во Мароко.
Африканскиот вице-првак Ал Ахли од Египет, со голот на Афша во 88-минута го победи американскиот тим Сиетл Саундерс (шампионот на КОНКАКАФ) со 1-0 и закажа полуфинален меч со европскиот шампион Реал Мадрид.
Првакот на Азија, Ал Хилал (Саудиска Арабија) место во полуфиналето обезбеди во супер интересниот меч со домаќинот Вајдад Казабланка (шампионот на Африка), тим кој иако до 90-тата минута имаше водство, сепак прими гол во судиското надополнување, за подоцна во пенал рулетот за загуби со 3-5.
Така во првото полуфинале закажано за во вторник (6 февруари 20 часот) Ал Хилал ќе игра со јужно-американскиот шампион Фламенго (Бразил), додека ден подоцна (7 февруари 20 часот), Реал Мадрид ќе треба да ја потврди фаворитската улога во дуелот со Ал Ахли