Ноќта зад нас во НБА лигата мина во знакот на Никола Јокиќ и Јанис Антетокумпо.

Србинот, Јокиќ повторно имаше трипл-дабл со 14 поени, 18 скока и 10 асистенции во победата на Денвер над Атланта со 128-108.

И Гркот, Антетокумпо беше незапирлив. До својот 12-ти трипл-дабл сезонава Јанис стигна во дуелот против Мајами кој Милвоки го доби си 123-115, а тој на 35-те поени придодаде 15 скокови и 11 асистенции.

Иако Ентини Дејвис постигна 34 поени, а имаше и 14 скокови, додека Леброн Џејмс средбата ја заврши со 27 поени, 9 скокови и 4 асистенции, сепак тоа не им помогна на ЛА Лејкерс да избегнат пораз на гостувањето ка Њу Орлеан со 131-126.

Шампионот Голден Стејт го доби Далас со 119-113, но го загуби својот најдобар играч Стеф Кари кој поради повреда предвреме го заврши натпреварот, на кој пак кај гостите не настапи Лука Дончиќ.