Кошаркарите на Вардар го добија деби дуелот против Соколи, со што се зацврстија на првата позиција на табелата во второлигашката македонска конкуренција.
Дуелот од 13.коло што се одигра во малата сала на СЦ „Кале“ во Скопје, првопласираната екипа на Вардар го доби второ рангираниот состав на Соколи од Штип со 97-73.
Гостите беа рамноправни до средината на првата четвртина кога резултатот беше 9-7, по што домаќините ја забрзаа играта и на првата пауза заминаа со 10 поени предност 26-16,
И во вториот квартал, вардарци беа оние кои го диктираа темпото, добивајќи ја четвртината со (24-22), за полувреме да заминат со +12 (50-38).
Иста слика и во второто полувреме, кое Вардар парцијално го добиваше со 20-15 во третата и 27-20 во последната четвртина, за на крајот заслужено да слави си 97-73.
Поразот на Штипјани, како и оној на третопласираната екипа на табелата пред ова коло, Ангели од Скопје, на гостувањето кај Охрид со 77-66, го искористи младиот состав на Работнички кој со победата над Шкупи со 79-65 изби на третото место на табелата, зад Соколи со ист скор (9-4), односно пред Ангели кои паднаа на 5-тото место со 8 победи и 5 порази, колку што сега има и Охрид.
За утре закажани се средбите во Велес меѓу Борец и Водно Санс од 14 часот. односно во Струга (од 16:30 часот), каде играат двете последно пласирани екипи Црн Дрим и Баскет Кам.
Интересен дуел одиграа МЗТ Скопје Уни Банка и Куманово во кој двете екипи имаа свои периоди на добра игра, за на крајот сепак победа да остварат домаќините со 82-73. Така сега вториот тим на аеродромци, е на една победа помалку (6-7) зад шесто пласираниот Куманово (7-6)