Симпатизерите си заминаа незадоволни од „Беј“ арената во Леверкузен бидејќи домаќинот одигра само 0:0 против Мехенгладбах.
Ова беше првиот натпревар на Леверкузен оваа сезона каде што не успеаја да постигнат погодок.
„Опсада“ пред голот на Борусија Мехенгладбах вршеше екипата на Чаби Алонсо од самиот старт па се до крајот на натпреварот.
Леверкузен три пати бараше пенал по контроверзните стартови на гостите, но тоа судијата не го сигнализираше.
Бековите на „фармацевтите“, Алехандро Грималдо и Џереми Фримпонг не искористија сјајни шанси во 57-та и 60-тата минута.
Во судиското надополнување Натан Тела имаше стопроцентна прилика која не успеа да ја искористи.
Одбраната на Мехенгладбах беше клучна за гостинот на овој натпревар кој заврши без погодоци – 0:0.