Екипите кои се главни фаворити за највисок пласман во Втората лига ја оправдаа фаворитската улога. МКК Куманово, Маџари и Шкупи забележаа победи во натпреварите од 12-тото коло.

Иако требаше да биде своевидно „дерби“, на дуелот меѓу Шкупи и Ангели како да постоеше само еден тим, домашниот.

На натпреварот одигран во Чаир, домаќините уште од старт го контролираат резултатот. По првата четвртина веќе имаа двоцифрена предност (20-10). На полувремето чаирчани заминаа +25 (47-22). Вториот дел беше само чиста формалност, па Шкупи славеше со убедливи 35 разлика 93-58.

На останатите дуели. Очекувани победи забележаа двете прво пласирани екипи. МКК Куманово 100% ефект го продолжи со триумфот над Тетекс на гости, додека Маџари славеше над Водно Санс.

Во Штип, екипата на МЗТ Скопје У.Б. беше подобра од Соколи, а составот на Куманово 2009 го претрпе и 12-тиот пораз.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот во Велес.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО
Сабота

ШКУПИ – АНГЕЛИ 93-58
ТЕТЕКС – МКК КУМАНОВО 71-97
МАЏАРИ – ПАРТИЗАН В.С. 101-88
СОКОЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 71-74
КУМАНОВО 2009 – МЕГА БАСКЕТ 35-73
Понеделник
20.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 24, Маџари 22, Шкупи 21, МЗТ Скопје У.Б. 21, Ангели 19, Соколи 1933 17, Мега Баскет 16, Борец баскет 16, Водно Санс 16, Работнички 2018 15, Тетекс 14, Куманово 2009 11.