Вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички му пропадна на гостинскиот тим.

Натпреварот одигран во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, Работнички заслужено го доби со 95-91.

Освен печените 2-0 и 4-0 за МЗТ, се натаму мина во знакот на црвените од „Градски Парк“. Уште едно водство само имаа аеродромци (11-9) и се останато беше во полза на Работнички. Гостите во првиот дел имаа во два наврати +15, а на одмор заминаа со 10 предност (50-40).

По осум минути игра во третиот период, Работнички стигна и до +17 (72-55). Сепак највисоката предност беше онаа во последниот период кога Работнички водеше со +21 (82-61). МЗТ направи серија и на 77.секунди до крајот намали на -5 (88-93).

Сепак искусниот тим на Самарџиев знаеше како да ја сочува предноста и на крајот да слави со конечни 96-91.

Најефикасен во победничката екипа беше Американецот, Декоси со 23, додека Ѓуроски постигна 20, а Трајс додаде 19. Српскиот интернационалец Тансаковиќ со 26 поени беше најефикасен кај МЗТ за кој Војдан Стојановски постигна 18, а Дамјан и Ворку по 15.

За МЗТ Скопје ова е трет пораз сезонава, но втор на почетокот на вториот дел. Само пред пет дена пак во улога на домаќин МЗТ беше совладан од Пелистер.

Затоа пак Работнички со 11-тата победа се израмни со Еуро Никел на второто место на табелата. Кавадарчани утре му гостуваат на Пелистер кој има една победа помалку.

НАЈИНТЕРЕСНИ МОМЕНТИ
ЦЕЛ НАТПРЕВАР