Босанскиот репрезентативец, Харис Делалиќ (29 год, 203 см) е новото засилување за МЗТ Скопје Аеродром за вториот дел од сезоната.

Делалиќ денеска потпиша договор со аеродромци со важност до крајот на сезоната.

Тој доаѓа од таборот на Игокеа, каде што изминативе две сезони настапуваше во АБА-лигата.

Кариерата ја почна екипата на Босна, а има играно уште за: Челик Зеница, Слобода Тузла и на белгиските Шарлоа и Леувен.

Делалиќ вечерва ќе ги бодри новите соиграчи од трибините во вечното дерби меѓу МЗТ и Работнички (19 часот).

Веќе утре ќе му се стави на располагање на тренерот Васко Атанасов. Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува на претстојниот турнир од АБА2, во Нови Сад од 29 јануари и 4 февруари,.

Таму македонскиот шампион за противници ќе ги има екипите на Шенчур, Шибенка и Војводина.