Барселона дојде до гостински триумф над Реал Бетис. Со резултат од 4:2 Каталонците славеа на „Беневито Виљамартин“.

Натпреварот беше отворен уште во првиот дел. Барселона на полувреме замина само со резултат од 1:0 по голот на Феран Торес.

Повеќе возбуда имаше во вториот дел. Феран Торес зголеми на 2:0, но потоа се разбуди Иско. Со 2 гола Иско ги врати во игра Андалузијците. Но, тоа не беше доволно.

Во судиското продолжение Барса постигна 2 гола. Еден даде Жоао Феликс, а со вториот гол во судиското продолжение Феран Торес го комплетираше својот „хет-трик”.

Со оваа победа Барса изби на 3.та позиција на табелата со 44 бода, а заостануваат 5 бода зад Жирона и 7 зад Реал Мадрид.

Бетис пак по 21 одигран натпревар е на деветтото место 31 бод.

Андреј Велјаноски