Реал Мадрид со пресврт дојде до победа над Алмерија, со резултат од 3:2 и тоа со гол во судиското дополнение.

Алмерија покрај минатото коло се покажа тврд орев и за уште една од водечките екипи. Со резултат од 2:0 заминаа на полувреме на Бернабеу. Стрелци на головите беа Рамазани во првата минута и Едгар Гонзалес кој постигна еврогол во 43.та минута.

Реал промени пристап и играчи во вториот дел и тоа вроди плод. Прво намали Белингем преку пенал на 2:1. Потоа на Алмерија и беше поништен голот на Арибад поради фаул. Набрзо Винициус израмни на 2:2. Белингам постигна нов гол, но беше поништен поради офсајд. За да не остане покус асистираше на голот на Дани Карвахал во 99.та минута од судиското надополнување.

Со оваа победа Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со помалку одигран меч. Со 51 бод на 20 кола се на првата позиција. Алмерија е на другиот крај од табелата на последното место со 6 бода на 21 одигран натпревар.

Андреј Велјаноски