Фудбалерите на Милан со многу мака и среќа стигнаа до трите бодови во дуелот со Удинезе.
На гостувањето во Удине, во мечот полн со пресврти, Милан славеше победа со 2-2. Швајцарецот, Ноа Оканфор беше јунакот на росо-нерите и тоа со голот постигнат во судиското дополнение.
Иако поведоа први во 31.минута, со прекрасниот гол на Англичанецот, Рубен Лофтус-Чик, во продолжението гостите мораа да бркаат негатива.
Удинезе направи целосен пресврт. Со головите на Србинот, Самарџиќ (42) и Французинот, Тавин (62), домаќините поведоа со 2-1.
Ви финишот на мечот гостите од Милано постигнаа уште два гола. Прво Србинот, Јовиќ (83.минута) израмни на 2-2. Во третата минута од судиското дополнение (90+3) Оканфор го постигна третиот гол за победа на Милан со 3-2.
Миланезите остануваат на третата позиција сега со 45 бодови, девет помалку од лидерот Интер и четири помалку од Јувентус кој е втор.