Екипата на Борусија Менхенгладбах дојде до триумф против Штутгарт. Во дуелот од 17.коло на Бундес лигата одигран во Менхенгладбах, домаќините покажаа повеќе зрелост и желба за победа и славеа со 3:1.
Уште во првиот дел домаќините ја најавија победата. На полувреме резултатот беше 2:0. Стрелец на головите беше Робин Хак во 1-та и 20-та минута.
Во второто полувреме Штудград проба да се врсти резултатски во натпреварот. Во 56-та минута гол за 2:1 постигна Џоша Вагноман. Не беше ни тоа доволно бидејќи во судиското продолжение бидејќи Џордан Сибатчеу ги постави конечните 3:1.
Менхенгладбах на табелата во Бундеслигата се наоѓа на 10-та позиција со 20 бода. Штутгарт засега го задржува 3-то место со 34 бода.
Андреј Велјаноски