ОГолеада на „Олд Трафорд“ ни приредија екипите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем во дербито од 21.коло во Премиер лигата, кое заврши 2:2.

Расмус Хојлунд уште во третата минута го отвори натпреварот. Тој со снажен и прецизен удар го совлада Викарио и им донесе водство на „црвените ѓаволи“ од 1:0.

Набрзо, прекрасно изведениот корнер на Педро Поро заврши на главата на Ришарлисон, кој одлично реализираше за 1:1 во 19-тата минута.

Пред крајот на првиот дел (40-тата минута) Јунајтед повторно дојде до предност. Овој пат Хојлунд беше асистент а Маркус Рашфорд биеше за 2:1.

На самиот почеток на второто полувреме новиот играч на Тотенхем, Тимо Вернер, прекрасно асистираше за Родриго Бентанкур, кој успеа да постигне погодок за изедначување на 2:2.

Без посериозни прилики на двете страни до самиот крај, натпреварот заврши 2:2.

Со овој бод Тотенхем останува на 5-тата позиција со 40 бодови, пет помалку од првопласираниот Ливерпул но и натпревар повеќе. Избраниците на Ерик тен Хаг се на седмото место со 32 освоени бодови.