Женскиот кошаркарски клуб Бадел доведе и трето странско засилување во зимскиот преоден рок.
Откако пристигнаа двете Американки, Данјеа Баркли и Дестини Томпсон, сега Баделки се засилија со репрезентативката на Доминиканската република.
Станува збор за Јулеска Рамирез Техеда родена 1998 години, кој игра на плејмејкерската позиција (170 цм).
„Благодарна сум што добив можност да играм во Македонија и да го претставувам овој клуб.
Со нетрпение очекувам да играм со моите соиграчи“, изјави Тахеда.
За Рамирез Тахеда ова е второ искуство во Европа. Таа доаѓа од ирската екипа Сент Полс Киларни. Во својата кариера има играно за НЦАА за универзитетските екипи на: Пердју Форт Вејн и Емануел колеџ.