Женскиот ракометот македонскиот шампион екипата Ѓорче Петров е пред нов европски предизвик.

Ѓорчепетровки за противник во осминафиналето на Европскит куп го доби чешкиот клуб Хазена Кинжварт.

Денеска, во Скопје, овие две екипи ќе ја имаат првата пресметка.

Натпреварот ќе се игра во спортската сала ,,Автокоманда” со почеток од 18 часот. Влезот ќе биде слободен за сите љубители на ракометот.

Во претходните рунди Ѓорче ги елиминира црногорскиот Тиват и белгискиот Ојпен со четири победи. А, ќешкиот Кинжварт славеше против Винтертур и Вестфрисланд во претходните две рунди.

Реванш натпреварот ќе се одигра на 20 јануари на гостински терен во Чешка. Доколку Ѓорче победи на овој двомеч ќе се пласира во четвртфиналето на Европскиот куп.

Ивона Кимовска