По три неделна пауза со натпреварот во Минхен одигран вечерва стартува вториот дел од сезоната во германската Бундес лига.

Во воведниот натпревар од 17.коло Баерн го совладаа Хофенхајм убедливо со 3:0.

Најзаслужни за оваа победа беа двојниот стрелец Џамал ​​Мусијала и Лирој Сане кој оствари две асистенции.

Домашните поведоа во 18. минута кога Сане го пронајде Мусијала во шеснаесетникот на гостите, а овој брилијантно го погоди далечниот агол од голот на Хофенхајм.

Истото дуо е одговорно и за вториот гол на Баерн на 20 минути пред крајот на натпреварот. Убаво, Сане и Мусијала си разменија двојно додавање, а помладиот Мусијала го постигна својот втор гол.

Конечниот резултат го постави Хари Кејн во судиското надополнување.

По оваа победа Баерн има 41 бод и е на второто место со бод помалку од лидерот Баер Леверкузен.