Ждрепката за осминафиналната рунда во шпанскиот фудбалски Куп беше немилосрдна кон лутите мадридски ривали.
Имено екипите на Атлетико и Реал ќе го сочинуваат најинтересниот пар за оваа рунда.
Но, претходно веќе во среда двата тима ќе се судрат во полуфиналето на Супер Купот. Атлетико и Реал во Ријад, Саудиска Арабија, ќе го играат првиот меч за влез во финалето. Во вториот, ден подоцна ќе се сретнат Барселона и Осасуна (финалето е на 14 јануари).
Што се однесува до осминафиналето на Копа дел Реј.
Интересен се очекува да биде и дуелот меѓу најпријатното изненадување сезонава Џирона и тимот на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, Рајо Ваљекако.
Останатите двојки ги сочинуваат:
Унионистас – Барселона
Тенерифе – Мајорка
Гетафе – Севиља
Осасуна – Р. Сосиедад
Валенсија – Селта
Атлетик Билбао – Алавес
Натпреварите од Копа дел Реј ќе се играат од 16 до 18 јануари.