германските медиуми пренесоа дека денеска на 78-годишна возраст, почина најдобриот германски фудбалер на сите времиња легендарниот Франц Бекенбауер.

Легендарниот германски фудбалер боледувал од Алцхајмерова болест која значително се влошила, а денеска стигна веста дека починал.

Бекенбауер, кој со Германија го освои Светското првенство како играч во 1974 година, а потоа и како селектор во 1990 година.

Болеста беше причина популарниот  “Кајзер” Франц Бекенбауер, долго време да го нема во јавноста.

Бекенбауер не се појави ниту во во јули на 33 години од освојувањето на титулата светски шампион. Уште тогаш почнаа да се шират гласини дека е тешко болен, што за жал се оствари.

Бекенбауер ја започна во Минхен 1906 година. На 18 години се пресели во Баерн Минхен. По неговото деби 6 јуни 1964 година, кога Баерн се врати во Бундеслигата, тој стана најважната фигура во историјата на клубот.

За 13 сезони одигра 4267 натпревари (60 голови), стана најдобар либеро на планетата.

Тој освои четири титули во Бундеслигата, четири купа, три последователни Куп на шампиони, Интерконтинентален куп, Куп на победниците на куповите.

Бекенбауер го понесе и признанието „Златната топка“, единствениот дефанзивец на планетата кој двапати беше прогласуван за најдобар фудбалер на светот во 1972 и 1976 година.