Ракометарите на Франција славеа убедлива победа над Тунис во подготвителниот период за пристојното Европско првенство.
„Триколорите“ пред својата публика во Нант, го совладаа Тунис со 36-26 во вториот натпревар од „Годен Купот“.
Во ниту еден момент од натпреварот, прашањето на победникот не беше доведено под прашалник. Напротив. Французите од самиот почеток играа во за нив препознатливо темпо. Цврсто во одбраната, контролирано во нападот, но и со бројни контри, а тоа донесе и резултат.
На полувремето Франција имаше седум голови предност (20-13), која во вториот дел ја зголемуваше. Малото опуштање на крајот им дозволи на Тунижаните да го ублажат поразот, па на крајот Франција славеше со конечни 35-26.
Во сабота Франција ќе „спарингува„ со Бразил, што ќе биде и последна контрола за „триколорите“ пред Европското првенство.
А, токму Французите ќе бидат противници на Македонија на отворањето на шампионатот закажан за 10 јануари во Диселдорф.