Во последните два натпревари од Премиер лигата на годината што изминува, Арсенал претрпе пораз, додека Тотенхем се радуваше на победа.
Во рамките од 20.коло Арсенал загуби од Фулам, а Тотенхем го победи Борнемут.
Во лондонската пресметка. Арсенал поведе уште во петата минута со голот на Сака. Израмни Хименез во 29-тата минута.
Во вториот дел (59/минута) по еден карамбол во шеснаесетникот на гостите, најдобро се снајде де Кордова-Риед и му донесе предност на домаќинот со 2-1. Тој резултат остана до крајот на натпреварот.
Арсенал по овој пораз падна на четвртото место на табелата.
И вториот денешен натпревар се одигра во Лондон. Тотенхем славеше над Борнемут со 1-0 со голот на Сар уште во 9-тата минута. Во второто полувреме беа постигнати уште три гола. Кореецот, Сон и Бразилецот, Ричарлисон погодија за Тотенхем, а Скот беше стрелез на голот за гостите за конечни 3-1 за Тотенхем. Популарните „Спарс„ со оваа победа се зацврстија на петото место на табелата со само бод помалку од Арсенал.
Новите возбудувања во Премиер лигата продолжуваат веќе на првиот ден од Новата година. Утревечер од 21 часот на „Енфилд“ ќе се игра дербито меѓу Ливерпул и Њукасл.