Екипата на Манчестер Сити славеше победа над Шефилд Јунајтед во последниот натпревар од 2023-тата година.

Актуелниот шампион можеби потешко од очекуваното стигна до победа со 2-0.

Популарните „граѓани“ поведоа во 14.минута, со голот на Родри. До вториот гол се чекаше се до 61-минута кога во листата на стрелци се запиша Алварез.

Со овој триумф и вкупно 40 бодови, колку што има и Арсенал, Сити го мина ривалот на табелата, па сега „граѓаните“ се трети, а „топчиите“ четврти.

Така на најдобар можен начин Манчестер Сити ја заокружи најуспешната година во историјата на клубот во која освои дузина на трофеи.

Во Англија, покрај титулата во Премиер лигата, Сити го освои ФА Купот. На европската сцена дојдоа трофеите во Лигата на шампионите и УЕФА Супер купот. Годината избраниците на Гвардиола ја заокружија со триумф и на ФИФА Светското клупско првенство.