Македонската ракометна репрезентација го заокружи првиот дел од подготовките за Европското првенство.

Ракометарите се на заслужен краток одмор за новогодишните празници, а потоа во Скопје ќе ја одработат и втората фаза.

За првиот дел голови капитенот Никола Митревски.

„Овие осум-девет дена беа малку напорно, се работеше на физичка и тактичка подготовка. Тренинзите беа напорни, сите го дававме својот максимум, бевме уморни, но најважно атмосферата беше на високо ниво, имаше простор и за дружење, заеднички игри и малку релаксација.
После двата тренинг натпревари помеѓу нас, одигравме натпревар против Црна Гора, резултатот беше во втор план, ние се прикажавме во добро светло, игравме сите. Иако бевме малку уморни, успеавме да им дадеме многу голови, да трчаме, да постигнуваме голови од транзиција и да победиме една репрезентација како што е Црна Гора.
Иако беше без двајца-тројца играчи, сепак има многу други ракометари кои играат во најдобрите лиги и имаат големо интернационално искуство“, изјави Митревски.
Веќе на 2 јануари ракометарите се враќаат на обврските.
На 4-ти во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одиграат првиот дуел со Грција. Овој натпревар ќе биде отворен за јавноста (бесплатен влез), а вториот ќе биде од затворен карактер.