Крајот на годината што изминува и почетокот на новата што доаѓа традиционално на спортски план минува во знакот на ски-скокачите.
Со натпреварите во германскиот ски-центар Оберсдорф започнува 72-то издание на новогодишната турнејата „Четири скокалници“.
Оберсдорф е првата од четирите „станици“ каде ски-скокачите ќе се борат за „Орелот“ трофејот кој симболично ги преставува најдобрите летачи.
По денешните натпревари, турнејата продолжува на првиот ден во новата, 2024-та година, кога на програмата се летовите во Гармиш Партенкирхен.
Потоа натпреварувачите се селат во австриските ски-центри и тоа на 3 јануари во Инсбрук и на 6-ти во Бишесхофен.