Екипата на Арсенал претрпе пораз во во ланското дерби со Вест Хем по кој „топџиите“ остануваат втори на табелата.

Во последниот натпревар од 19.коло во Премиер лигата, Арсенал загуби од Вест Хем со ____ .

Чехот, Томаш Сучек, во 13.минута, им донесе предност на популарните „чекани“. Голема дилема остана дали топката претходно излегла од теренот, пред Бовен да асистира. По долгата проверка голот беше признат. Со минимална предност Вест Хем замина на паузата меѓу двете полувремиња.

Во вториот дел по само десет минути игра (55) екс играчот на Арсенал, Мавропанос зголеми на 2-0 за Вест Хем.

Иако Арсенал со сите сили се обидуваше да спаси што може да се спаси, сепак тоа не се случи. Гостите, поточно Бенрама (90+5), пропушти шанса уште поубедлива да ја направи победата, не реализирајќи пенал.

По овој пораз Арсенал останува втор на табелата со два бода помалку од лидерот Ливерпул. Веднаш зад нив се Астон Вила со 39 и Сити со 37, но актуелниот шампион има натпревар помалку.

Вест Хем прави скок од две позиции и е зад Тотенхем, а пред Манчестер Јунајтед.

Во Премиер лигата нема новогодишна пауза, па освен утре (петок) во наредните четири дена ќе се играат натпреварите од 20-тото коло.

Standings provided by Sofascore