Машката македонска ракометна репрезентација е Стара Пазова каде го одработуваат првиот дел од подготовките за настап на Европскиот шампионат.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ги очекува првата контрола. Како и што сработеле во овој краток заеднички период македонските ракометари ќе видиме во денешниот натпревар со Црногорците.

Тоа ќе биде и добра можност за селекторот Лазаров да ја провери формата и да знаат во кој правец треба да се одвиваат вториот дел од подготовките.

Вториот дел продолжува веднаш по новогодишните празници (2 јануари).

Дел од тој сегмент ќе биде и двомечот со селекцијата на Грција во Скопје.

Првиот на 4 јануари ќе биде отворен за јавноста, а влезот ќе биде слободен. Натпреварот  Македонија – Грција ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“  со почеток во 17 часот.

Во договор на двете селекции вториот натпревар ќе биде од затворен карактер.

Потсетување дена на шампионатот македонските ракометари за противници ќе ги имаат Франција, домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија против кои ќе играат редоследно почнувајќи од 10 јануари.