Манчестер Сити до пресврт дојде до победа над Евертон. „Карамелите” се покажаа како тврд орев за „граѓаните”, но недоволно зрели за победа. Манчестер Сити победи со 3:1.
Домаќините одлично почнаа и први го отворија резултатот. Џек Харисон беше стрелец на голот. Во првиот дел Сити делуваше изгубено и Евертон тоа добро го користеше.
Сепак во вториот дел актуелниот европски и англиски првак покажа класа. Најпрво Фил Фоден го израмни резултатот. Хулијан Алварез преку пенал, а Бернардо Силва зголеми на 3:1.
Со овој триумф Сити фаќа приклучок кон водечкиот дел на табелата. Со 37 бода на 18 натпревари тие ја имаат „закупено” 4-та позиција во Премиер лигата. Евертон пак по 19 одиграни кола имаат 16 бода и се на 17-та позиција.
Андреј Велјаноски