Мери Акиевска во женска и Бобан Илиоски во машка конкуренција се годинашните лауреати во изборот на Спортист на Македонија за 2023-та година.

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, вечерва на свеченоста во Скопје, беа прогласени најдобрите од Македонија, кои ја одбележаа годината во спортот.

Кај дамите признанието и припадна на Мери Акиевска која стана светската шампионка во боди билдинг покрај златниот медал на мундијалот во Шпанија, освои и злато на „Арнолд Класик“ Европа.

Признанието во машка конкуренција му припадна на кик-боксерот Бобан Илиоски кој стана Светски шампион, во лоу-кик во категорија – 86,кг, на Мундијалот во Португалија.

Во младинска конкуренции признанија добија, Милијана Релиќ (таеквондо) кај дамите и Витомир Трајковски (карате) во машка конкуренција.

Најуспешен машки национален тим е прогласена одбојкарска репрезентација за пласман во четвртфиналето на Европското првенство, а кај дамите ракометната сениорска репрезентација, за изборен настап на ЕП 2024 и остварени две победи во групата.

Најуспешен спортист со инвалидитет е прогласен пливачот Андреј Стојановски.

Дејан Митровски од кикбокс маитаи, е најдобриот селектор, а за најуспешна федерација признание доби одбојкарска, како ко-организатор на ЕП за мажи.