Календарската 2023-та е пред самиот крај, а со неа и натпреварите во Првата машка кошаркарска лига.

Останува да е одиграат уште четири натпревари од 13.коло во кое вчера беа одиграни два.

Денеска на програмата се два дуели. Во Кисела Вода ќе играат двете последно рангирани екипи. Академија ФМП и Охрид досега забележаа по само две победи, па подобриот од овој меч ќе ми се придружи на Вардар кој има еден триумф повеќе. Ова е важен дуел за двете екипи кои повеќе од јасно ќе разигруваат за опстанок. Така бодовите и триумфот во вечерашниот меч ќе играат голема улога во вториот дел од сезоната.

Натпреварот Академија ФМП – Охрид ќе започне во 18 часот.

Еден час подоцна во Чаир кај истоимената домашна екипа гостува тимот на ТФТ. Ова е дуел на екипите од горниот дел на табелата кои имаат амбиции за висок пласман. Победата е императив да се одржи чекорот со тимовите од врвот и да се избега од оние кои ќе се борат за опстанок.

Во досегашниот тек од првенството Чаирчани се за нијанса подобри, односно имаат една победа повеќе од тимот од Тафталиџе.

Натпреварот во Чаир започнува од 19 часот, а како и оној во Кисела Вода можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

КОШАРКА ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
денеска (недела)
18.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ОХРИД
19.00 ЧАИР – ТФТ
вторник 26 декември
18.00 ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ А.
среда 27 декември
18.00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
одиграно вчера
КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ 81-86
ВАРДАР – ФЕНИКС 89-104

ТАБЕЛА: Еуро Никел 23, МЗТ Скопје Аеродром 23, Пелистер 21, Работнички 20, Чаир 20, Феникс 20, ТФТ 19, Кожув 16, Гостивар 16, Вардар 16, Академија ФМП 14, Охрид 14;